Чавушоглу: „Берлинскиот процес ќе нема никакво значење ако Хафтер продолжи на овој начин“

Пучистичкиот генерал Калифа Хафтер, една од страните потписнички на договорот за примирје ја напушти Москва без да го потпише договорот

Чавушоглу: „Берлинскиот процес ќе нема никакво значење ако Хафтер продолжи на овој начин“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушогу рече дека „Берлинскиот процес ќе нема никакво значење ако пучистот Хафтер продолжи со непотпишување на Договорот за примирје во Либија“.

Генералот Хафтер кој се наоѓа на чело на силите кои се против Турција, ја напушти Русија без да го потпише договорот за прекин на огнот.

Во врска со тоа министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече:

„Берлинскиот процес ќе нема никакво значење ако пучистот Хафтер продолжи да се однесува на овој начин.

Содржината на договорот беше завршена, Русите рекоа дека Хафтер барал време до сабајле. Засега нема да го потпишат договорот.

На иницијатива на претседателот Ердоган, Турција направи се што е во нејзина можност за постигнување на примирјето и морот во Либија. Истото ќе продолжиме да го правиме и во иднина. Од моменталната слика можеме да видиме кој сака мир, кој војна, кој сака единство и просперитет, кој не сака.“

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека пучистичкиот генерал Калифа Хафтер, една од страните потписнички на договорот за примирје ја напушти Москва без да го потпише договорот.



Слични вести