Акар: „Се ангажираме за решение во Либија и Идлиб“

Примирјето се спроведува на поголем дел од теренот во Идлиб и Либија

Акар: „Се ангажираме за решение во Либија и Идлиб“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека на теренот во сириското подрачје Идлиб се спроведува примирјето и дека Турција целосно го поддржува овој процес.

Министерот Акар одржа прес конференција во врска со напорите за примирје во сириското подрачје Идлиб и Либија.

Акар рече дека примирјето се спроведува на поголем дел од теренот во Идлиб и Либија.

Турција целосно ги поддржува напорите на тоа поле. Наша желба е што поскоро да завладеат мирот, спокојството, просперитетот, стабилноста и да прекине крвопролевањето во Идлиб и Либија.

Турција вложува големи напори и несебично се залага за изнаоѓање решение на состојбата во Идлиб и Либија, подвлече Акар.



Слични вести