Претседателот Ердоган: Посакувам во скоро време да се потпише договор за прекин на огнот во Либија

Претседателот Ердоган и италијанскиот премиер Џузепе Конте одржаа заедничка прес конференција на која се осврнаа на прашањата со Либија и подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија

1340005
Претседателот Ердоган: Посакувам во скоро време да се потпише договор за прекин на огнот во Либија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, го прими италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој по неговата покана допатува во работна посета на Турција.

По средбата лице в лице и меѓуделегациските разговорим претседателот Ердоган и италијанскиот премиер Џузепе Конте одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека особено посакува во скоро време да се потпише договор за прекин на огнот во Либија.

Велејќи „На италијанскиот премиер Конте му го нагласив тоа дека ја очекуваме поддршката на Италија за нашите напори во правец на зачувувањето и на статусот на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб (во Сирија)“, Ердоган го рече следното: „Постигнавме согласност меѓувладиниот самит помеѓу Турција и Италија којшто не може да се одржи од 2012 година досега, да се одржи оваа година.“

Во врска со разговорите на турската делегација за Либија во главниот град на Русија, Москва, претседателот Ердоган рече: „Мислам дека во вечерните часови ќе се окончаат, ја добив информацијата дека се одвиваат во позитивна насока. Посакувам таму да се стави точката и во Либија да преовладее мирот.“  

Потсетувајќи дека разговорите на турската делегација денеска во Москва во извесна смисла ќе ја формираат инфраструктурата и на Берлинскиот процес, Ердоган рече: „Со текстот којшто ќе произлезе одовде ќе одиме за Берлин. Со работата којашто ќе се оствари во Берлин оваа работа ќе ја поставиме на една здрава основа.“

„Посакувам прекинот на огнот којшто ќе биде поставен на една здрава основа, ќе ја претставува основата на мирот за иднината на сите наши либиски браќа.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте исто така истакна дека прекинот на огнот во Либија ќе го отвори прозорецот на една значајна можност и изрази надеж дека ќе се влезе во мирољубив процес.

„Благодарение на Берлинскиот процес, затгентатоста во Либија ќе му го остави своето место на политичкиот процес.“ - појасни италијанскиот премиер Џузепе Конте.



Слични вести