Претседателот Ердоган го прими италијанскиот премиер Конте

Претседателот Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, го прими италијанскиот премиер Џузепе Конте кој престојува во работна посета на Турција

1339949
Претседателот Ердоган го прими италијанскиот премиер Конте

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во работна посета на Турција.

Конте кој по стапувањето на должност својата прва работна посета ја остварува на Анкара, беше пречекан од страна на потпретседателот Фуат Октај.

Потоа, италијанскиот премиер Џузепе Конте беше примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Приемот се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, траеше еден и пол часа и беше затворен за медиумите.

По средбата лице в лице помеѓу претседателот Ердоган и италијанскиот премиер Конте, ќе се одржат разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Потоа пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе се појават пред камерите и ќе одржат заедничка прес конференција.



Слични вести