Претседателот Ердоган во Истанбул ќе се состане со премиерот на Либија Сараџ

Претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин по остварената средба во средата во Истанбул, упатија повик до страните во Либија за прекин на огнот по што почнувајќи од синоќа (12 јануари) во 00:01 часот по локално време стапи на сила прекинот на огнот

1339082
Претседателот Ердоган во Истанбул ќе се состане со премиерот на Либија Сараџ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во период кога по денеска во Истанбул ќе оствари една значајна средба. 

Претседателот Ердоган денеска ќе се состане со Фајез ал Сараџ, претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија.

На средбата ќе се разговара за последната ситуација во Либија, по повикот за прекин на огнот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба во средата во Истанбул за време на свеченото пуштање во употреба на проектот на гасоводот Турски тек, упатија повик до страните во Либија за прекин на огнот почнувајќи од 12 јануари во 00:01 часот по локално време.

И овој повик вроди со позитивен резултат, по што прекинот на огнот стапи на сила почнувајќи од синоќа од 00:01 часот по локално време (01:01 часот по турско време. 

 

 



Слични вести