Претседателот Ердоган се состана во Истанбул со либискиот премиер Сараџ

Претседателот Ердоган денеска во својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез Мустафа ал Сараџ

1339292
Претседателот Ердоган се состана во Истанбул со либискиот премиер Сараџ

Во период кога по стапувањето на сила на прекинот на огнот во којшто започна со повикот на Турција и Русија погледите се свртени кон Либија, денеска во Истанбул се одржа една значајна средба.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Истанбул го прими претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез Мустафа ал Сараџ.

Средбата во работната канцеларија на претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул траеше приближно 2,5 часа и беше затворена за медиумите. 

На средбата, стана збор за последната ситуација во Либија по повикот за прекин на огнот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба во средата во Истанбул (за време на свеченото пуштање во употреба на проектот на гасоводот Турски тек) упатија повик до страните во Либија за прекин на огнот почнувајќи од 12 јануари во 00:01 часот по локално време.

И овој повик вроди со позитивен резултат, по што прекинот на огнот стапи на сила почнувајќи од синоќа од 00:01 часот по локално време (01:01 часот по турско време).



Слични вести