Претседателот Ердоган избран за "Глобална муслиманска личност за 2019 година"

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по втор пат и оваа година е избран за „Глобална муслиманска личност за 2019 година“

1339013
Претседателот Ердоган избран за "Глобална муслиманска личност за 2019 година"
erdogan muslim news nigeria.jpg

На претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по втор пат му е доделена наградата „Глобална муслиманска личност“. 

Рашид Ебубекир,  уредникот на весникот „Muslim News Nigeria“ кој се објавува во западноафриканската држава Нигерија ги соопшти резултатите на наградата „Глобална муслиманска личност за 2019 година“.

Ебубекир истакна дека наградата му е доделена на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган и во 2018 година и го рече следното: „Поради неговото недискутабилно влијание и силата ѝ во исламскиот свет ѝ во меѓународната заедница, ѝ оваа година Ердоган се најде на првото место.“ 

Привлекувајќи внимание дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган секогаш е покрај угнетените, Рашид Ебубекир рече: „Ердоган, секогаш го повиши својот глас по прашањата со Сирија, Мјанмар, Кашмир и Палестина.“

Ебубекир додаде дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на Самитот во Куала Лумпур во Малезија водеше напори за единството и заедништвото на муслиманите.

Втората награда за „Глобална муслиманска личност“ ја доби малезискиот премиер Махатхир Мухамед, третата награда муслиманската членка на Конгресот на САД од сомалиско потекло Илхан Омар, а четвртата награда му е доделена на претседателот на Гамбија Адама Бароу. 

Петтата награда за „Глобална муслиманска личност“ ја доби германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил.



Слични вести