Уште едно семејство го поврати детето од ПКК

Еден од терористите кој им се предаде на безбедносните сили беше Ибрахим Кадран, внукот на бабата Халиме Кадран која чекаше пред зградата на општинскиот огранок на партијата ХДП во Дијарбакир

1338598
Уште едно семејство го поврати детето од ПКК

Уште едно семејство кое дежураше пред зградата на општинскиот огранок на Демократската партија на народите (ХДП) во Дијарбакир во рамките на акцијата „дежурство за детето“ која започна за враќање на децата кои се киднапирани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, со успешните активности на полицијата беше вратено на родителите.

Како резултат на активностите на Генералната дирекција на полицијата за разубедување, вчера ба граничниот премин Хабур кај Ширнак се предадоа уште 5 терористи.

Еден од терористите кој им се предаде на безбедносните сили беше Ибрахим Кадран, внукот на бабата Халиме Кадран која чекаше пред зградата на општинскиот огранок на партијата ХДП во Дијарбакир.

Бабата Халиме Кадран која почна со дежурството за внукот кој пред 5 години беше киднпиран од страна на терористите во Дијарбакир и беше однесен во планините, како резултат на успешните активности на безбедносните сили имаше можност да го прегрне внукот Ибрахим Халил кадран кој се предаде.

На тој начин, бројот на семејствата кои 130 дена чекаат пред зградата на ХДП во Дијарбакир да ги прегрнат своите деца се зголеми на 4.



Слични вести