Туркиш ерлајнс повторно ги започна авионските летови за Ирак и Иран

Првиот лет на Туркиш ерлајнс за Иран беше реализиран од истанбулскиот аеродром Сабиха Ѓокчен во 21.00 часот за Техеран.

1338155
Туркиш ерлајнс повторно ги започна авионските летови за Ирак и Иран

Синоќа турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс повторно ги започна авионските летови за Ирак и Иран кои претходниот ден ги суспендираше на привремено време.

Како последица на иранско-американската напнатост, турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс авионските летови кои претходниот ден ги суспендираше поради безбедносни причини, синоќа во 21.00 часот повторно започна со летовите за овие две земји.

Првиот лет на Туркиш ерлајнс за Иран беше реализиран од истанбулскиот аеродром Сабиха Ѓокчен во 21.00 часот за Техеран.

Авионите на Туркиш ерлајнс почнаа со употреба на воздушниот простор на овие две земји.



Слични вести