Порака од Чавушоглу до Регионалната курдска управа во Ирак: Турција стои покрај ирачкиот народ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со претседателот на Регионалната курдска управа во Ирак Нечирван Барзани и со премиерот Месрур Барзани

1338480
Порака од Чавушоглу до Регионалната курдска управа во Ирак: Турција стои покрај ирачкиот народ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до раководителите на Регионалната курдска управа во Ирак ја достави пораката дека Турција стои покрај ирачкиот народ.

Министерот Чавушоглу оствари телефонски разговори со претседателот на Регионалната курдска управа во Ирак Нечирван Барзани и со премиерот Месрур Барзани.

Во телефонскиот разговор, Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција стои покрај ирачкиот народ во овие за него тешки денови и нагласи дека Турција ќе продолжи да им ја доставува својата поддршка на Ирачаните.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред вчерашната еднодневна посета на главниот град на Ирак, Багдад, ги побара по телефон претседателот на Регионалната курдска управа во Ирак Нечирван Барзани и премиерот Месрур Барзани и ги информира за оваа своја посета на Багдад.



Слични вести