Претседателот Ердоган: Нашата цел е да ја претвориме нашата земја во глобален енергетски центар

Претседателот Р.Т. Ердоган во својата објава на Твитер истакна дека проектот Турски тек ќе стане еден од симболите на новиот период и го напиша следното: „Нашата цел да ја доведеме нашата земја во положба на еден од глобалните енергетски цетри.“

1337678
Претседателот Ердоган: Нашата цел е да ја претвориме нашата земја во глобален енергетски центар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот официјален профил на социјаната мрежа Твитер сподели објава во врска со вчерашната церемонија на свечено пуштање во употреба  на гасоводот Турсkи тек со којшто рускиот рприоден гас ќе се испорачува за Турција и преку Турција за Европа.

Ердоган во својата објава истакна дека проектот Турски тек ќе стане еден од симболите на новиот период и го напиша следното: „Нашата цел е да ја доведеме нашата земја во положба на еден од глобалните енергетски цетри.“

Претседателот Ердоган заедно со својата објава сподели и инфографика во којашто е внесена картата со маршрутата на проектот на гасоводот Турски тек.

„Ова претставува проект од историско својство за којшто заедно со нашите руски пријатели вложивме големи напори и во контекст на нашите билатерални односи и во контекст на енергетската карта во нашиот регион. Како Турција со инвестициите коишто ги реализиваме во последните години се стекнавме со инфраструктура којашто ќе располага со значаен капацитет на снабдување на природен гас ѝ за нас самите ѝ за нашиот регион и ќе формираме трговски центар.“ 

Велејќи дека се водат работи за зголемување на активностите за истражување и производство на копно и во морето во правец на пронаоѓање на новите извори на снабдување и развојот на постоечките резерви, Ердоган реч: „Нашата цел е да ја доведеме нашата земја во положба на еден од глобалните енергетски центри. Веруваме дека откако ќе го ставиме во примена во целосна смисла на зборот потенцијалот со којшто располагаме, целиот регион ќе ја искористи додадената вредност којашто ќе се појави од тоа.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата објава воедно им оддели место и на податоците во врска со техничките детали на проектот на гасоводот Турски тек.



Слични вести