Повик од Ердоган и Путин за прекин на огнот во Либија на 12 јануари на полноќ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин упатија повик до сите страни во Либија за стопирање на судирите почнувајќи од 12 јануари на полноќ

1337485
Повик од Ердоган и Путин за прекин на огнот во Либија на 12 јануари на полноќ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин вчера во Истанбул објавија заедничко соопштение.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека гасоводот Турски тек којшто вчера свечено беше пуштен во употреба, освен тоа што е во услуга на заедничките интереси на народите, обезбедува придонес и во решавањето на регионалните прашања.

Во соопштението се вели дека се чувствува длабока загриженост од порастот на тензијата помеѓу САД и Иран и од негативните рефлексии во Ирак, а воедно се нагласува дека реализираната воздушна операција од страна на САД на 3 јануари во Багдад чија цел беа Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда и оние во негова придружба се одрази негативно на безбедноста и стабилноста во регионот.

Во насловот за Сирија во заедничкото соопштение пак, беше потврдена посветеноста на зачувувањето на суверенитетот, политичкото единство и тероријалниот интегритет на оваа земја.

Во заедничкото соопштение на двајцата лидери, Ердоган и Путин, во врска со процесот во Либија беше упатен повик до сите страни во оваа земја за стопирање на судирите почнувајќи од 12 јануари на полноќ.

„Под актуелните ктитични услови и под светлината на целите коишто се внесени во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), одлучивме да преземеме иницијатива. Во тие рамки, како посредници упатуваме повик до сите страни во Либија за стопирање на судирите почнувајќи од 12 јануари на полноќ, прогласување на одржлив прекин на огнот којшто ќе биде поддржан со неопходните мерки за воспоставување на стабилноста на теренот и нормализирање на животот во Триполи и другите градови, ставање крај на болките на либискиот народ и за итно повторно состанување околу преговарачката маса за повторно воспоставување на мирот и просперитетот во земјата. Целосно сме уверени дека Либијците би можеле независно да ја донесат својата одлука за иднината на нивната татковина, во рамките на дијалогот во национални рамки со што ќе се земат во предвид без исклучок интересите на сите граѓани.“ - стои во објавеното заедничко соопштение од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин кои се состанаа вчера во Истанбул.



Слични вести