Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Багдад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со оваа своја посета на Ирак на својот официјален профил на Твитер ја сподели пораката „Престојуваме во Багдад за разгледување на нашите односи и регионалните случувања со братски Ирак“

1337788
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Багдад
cavusoglu-berhem salihi.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во еднодневна посета на главниот град на Ирак, Багдад.

Чавушоглу во рамките на своите овдешни средби и разговори најпрвин се состана со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди.

Средбата Чавушоглу-Абдулмехди се одржа во владината зграда во Багдад и беше затворена за медиумите.

На средбата присуствуваа и делегации на двете земји.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со оваа своја посета на Ирак на својот официјален профил на Твитер ја сподели пораката „Престојуваме во Багдад за разгледување на нашите односи и регионалните случувања со братски Ирак.“

Чавушоглу во Багдад се состана и со ирачкиот претседател Бархам Салих, а се очекува да одржи средби и со ирачкиот министер за надворешни работи Мухамед ал-Хеким и со претседателот на Парламентот Мухамед ел-Халбуси.



Слични вести