Чавушоглу: Ирак не е сам во тешкиот процес низ којшто поминува и Турција ќе работи заедно со Ирак

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварените средби и разговори во Багдад одржа заедничка прес конференција со својот ирачки колега Мухамед ел-Хеким

1338077
Чавушоглу: Ирак не е сам во тешкиот процес низ којшто поминува и Турција ќе работи заедно со Ирак

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојуваше во еднодневна посета на Ирак каде што оствари низа средби и разговори по одржаната средба со својот ирачки колега Мухамед ел-Хеким одржаа и заедничка прес конференција. 

Чавушоглу истакна дека Ирак не е сам во тешкиот процес низ којшто поминува и дека Турција ќе работи заедно со Ирак за надминување на тешкотиите.

Тој привлече внимание дека убиството на иранскиот командант Касим Сулејмани и оние заедно со него од страна на Соединетите Американски Држави (САД) и реализираните напади врз базите на САД во Ирак предизвикаа сериозна затегнатост во регионот и го рече следното: "Ние не сакаме Ирак да стане конфликтно поле на надворешните сили."

Чавушоглу укажа на присутните проблеми на Ирак како што се терористичките организации ДЕАШ и ПКК и рече: "Во период кога се соочува со извесни тешкотии во работите за изградба наново, Ирак не треба да биде подложен на влијанието на овој вид затегнатост создадена од надворешните сили. Секој треба да покажува почит кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Ирак."

Велејќи дека Турција уште од почетокот вложува напори за намалување на овие тензии, Мевлут Чавушоглу рече: "Водевме интензивна дипломатија пред се со нашите ирански и американски соговорници, со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, лидерите и министрите за надворешни работи на другите земји."

Чавушоглу ја сподели и информацијата дека во  Багдад во врска со ова прашање разговарале и за време на приемите кај претседателот Бархам Салих и премиерот Адил Абдулмехди, а воедно го рече следното: "Секако и за нас се мошне значајни стабилноста, спокојството и мирот во Ирак. Затоа ние и во иднина повторно ќе придонесуваме за стабилноста, борбата против тероризмот и мирот на Ирак."

Подвлекувајќи дека не треба да не се дозволи повторно да се појави терористичката организација ДЕАШ, Чавушоглу додаде дека треба да се спречи сепаратистичко-терористичката организација ПКК да претставува закана за Ирак и Турција.



Слични вести