Во Истанбул свечено пуштен во употреба гасоводниот проект Турски тек

Остварувањето на проектот заврши една година пред предвидениот датум

Во Истанбул свечено пуштен во употреба гасоводниот проект Турски тек
erdogan Turkakim.jpg
putin-erdogan Turkakim.jpg
putin Turkakim.jpg
Türkakim acilis.jpg

Денес во Истанбул свечено беше пуштен во употреба гасоводниот проект Турски тек со кој рускиот природен гас преку Турција ќе се пренесува во Европа.

На свеченоста што се одржа во конгресниот центар Халич во Истанбул учествуваа претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Свеченоста започна со видео промоција на гасоводниот проект Турски тек. Претседателот Ердоган во говорот подвлече на значењето на остварувањето на проектот Турски тек со руските пријатели за кој беа вложени големи напори и кој претставува историски проект како од аспект на билатералните односи така и од аспект на енергетската соработка.

Остварувањето на проектот заврши една година пред предвидениот датум, рече Ердоган и додаде дека благодарение на проектот, 15,75 милијарди метри кубни гас од вкупно од 31,5 милијарди метри кубни гас директно ќе и се испорачат на Турција, без некоја друга посредничка земја.

Соработката со Русија во сферата на енергијата успешно ја пребродивме како и сите други тестови кои беа поставени пред нас рече Ердоган потенцирајќи дека со текот на времето се постигна и константен раст во билатералната трговија.

Во врска со случувањата во  регионот Ердоган рече дека Турција не е во потрага по регионална напнатост и никогаш нема да биде.

Ердоган меѓудругото потенцираше дека ниту еден проект во источниот Медитеран со кој се планира да се изолира Турција не ќе може да се спроведе од економски, правен дипломатски аспект.

Во освртот на иранско-американските односи Ердоган рече во овој критичен период кога ѕвонат тапаните на војната, Турција искористувајќи ги сите можности на дипломатијата вложува напори за намалување на тензиите.

Никој нема право да го фрли Ирак и регионот во нов оган само заради остварување на своите интереси.

Турција вложува големи напори за намалување на тензиите и нема да дозволиме регионот да се удави во крв и солзи. Турција не сака Ирак, Сирија, Либан, Заливските земји да бидат сцена на посреднички (прокси) војни.

Рускиот претседател Владмир Путин во говорот рече дека соработката меѓу неговата земја и Турција секој изминат ден напредува се повеќе и во сите полиња и покрај сите напори за спречување. Испораката на рускиот гас преку Турција во Европа секако дека ќе влијае врз економијата на цела Европа.

Постојат одредени тенденции за зголемување на напнатоста во регионот. Турција и Русија покажуваат сосема други тенденции, рече Путин.

По говорите, беше воспоставена врска со компресорската станица Рускаја и приемниот терминал Кијиќој, по што беше остварено симболично отворање на вентилот со кој беше пуштен во употреба гасоводот Турски тек.



Слични вести