Сочувство од Турција до Украина и Иран поради уривањето на патничкиот авион во близина на Техеран

Во соопштението на МНР на Турција се вели следното: „Го доставуваме нашето искрено жалење до граѓаните и владите на пријателска Украина и пријателски Иран, го изразуваме нашето сочувство до семејствата и блиските на загинатите“

1337233
Сочувство од Турција до Украина и Иран поради уривањето на патничкиот авион во близина на Техеран

Турција го изрази своето сочувство до граѓаните и владите на Украина и Иран поради уривањето на украинскиот патнички авион утрово во близина на Техеран.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се потсетува дека патничкиот авион во сопственост на украинската авиокомпанија којшто леташе на релација Техеран-Киев кусо време по полетувањето се сруши во близина на Техеран и дека во несреќата животот го загубија сите патници и членови на екипажот.

Во соопштението се вели следното: „Го доставуваме нашето искрено жалење до граѓаните и владите на пријателска Украина и пријателски Иран, го изразуваме нашето сочувство до семејствата и блиските на загинатите.“  

Инаку, патничкиот авион од типот Боинг 737 во сопственост на украинската авиокомпанија кој леташе од главниот град на Иран, Техеран, за главниот град на Украина, Киев, утрово кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран се сруши во 06:18 часот по локално време поради технички проблем.

Во несреќата загинаа сите 176 лица колку што се наоѓаа во авионот од кои 167 патници и 9 членови на екипажот.



Слични вести