Денес свечено ќе биде пуштен во употреба гасоводниот проект Турски тек

На свеченото отворање ќе учествуваат Ердоган, Путин, Вучиќ и Борисов

1336709
Денес свечено ќе биде пуштен во употреба гасоводниот проект Турски тек
putin istanbul.jpg

Денес во Истанбул свечено ќе биде пуштен во употреба гасоводниот проект Турски тек кој ќе го пренесува рускиот гас преку Турција во Европа.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Директоратот за комуникации при претседателството, на свеченото отворање на гасоводниот проект ќе учествуваат претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Претседателот Ердоган во оваа прилика се очекува да оствари билатерални средби со лидерите.

На разговорите ќе бидат разменети мислења во врска со билатералните односи.

Меѓудругото ќе разговараат за случувањата во Сирија и Либија, како и  регионалните и меѓународни прашања.

По повод свеченото отворање на гасоводниот проект Турски тек синоќа во Истанбул пристигнаа рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Путин и Лавров со посебни возила беа пренесени во хотелот каде што престојуваат.



Слични вести