Чавушоглу утре ќе замине во посета на Ирак во екот на растечката тензија помеѓу САД и Иран

Министерство за надворешни работи соопшти дека за време на посетата освен за случувањата во регионот се планира да бидат разгледани и билатерални прашања

1337035
Чавушоглу утре ќе замине во посета на Ирак во екот на растечката тензија помеѓу САД и Иран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува во посета на Ирак, а во рамките на иницијативите за намалување на затегнатоста помеѓу САД и Иран.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворшени работи се истакнува следното: „Во рамките на нашите дипломатски иницијативи коишто за намалување на растечката тензија поради случувањата во последно време во регинот во кој се наоѓаме, се предвидува нашиот почитуван министер на 9 јануари 2020 година да оствари еднодневна посета на Ирак.“

Како што се вели, за време на посетата освен за случувањата во регионот се планира да бидат разгледани и билатерални прашања.

 

 



Слични вести