Мевлут Чавушоглу примен кај алжирскиот премиер Абдулазиз Џерад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше примен кај алжирскиот премиер Абдулазиз Џерад на кого му честита за формирањето на новата влада

1336264
Мевлут Чавушоглу примен кај алжирскиот премиер Абдулазиз Џерад
Cavusoglu-Sabri Boukadoum.jpg
Cavusoglu-Sabri Boukadoum1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Алжир беше примен кај алжирскиот премиер Абдулазиз Џерад.

Чавушоглу на приемот му честита на премиерот Џерад за формирањето на новата влада. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите разговори се состана и со својот алжирски колега Сабри Букадум. 

На меѓуделегациските разговори кои се одржаа по средбата лице в лице, Чавушоглу му честита на својот колега Сабри Букадум поради учеството во новоформираната влада на почетокот на неделата.

Во оваа пригода Мевлут Чавушоглу укажа на соработката помеѓу Турција и Алжир и рече: „Време е да се развијат билатералните односи во секоја сфера, вклучувајќи ја и економијата.“

Привлекувајќи внимание на значењето на соработката во регионални прашања, министерот за надворешни работи мевлут Чавушоглу го подвлече следното: „Постојат случувања коишто ја засегаат и оваа земја. Веруваме дека ако работиме заедно ќе ги воспоставиме мирот и стабилноста.“



Слични вести