Челик: Убиството на Сулејмани вроди директни последици за Блискиот исток и меѓународната равенка

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик истакна дека убиството на иранскиот командант Касим Сулејмани во реализирана воздушна операција од страна на САД вроди резултати коишто ќе влијаат директно на Блискиот исток и меѓународната равенка

1336121
Челик: Убиството на Сулејмани вроди директни последици за Блискиот исток и меѓународната равенка

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик на одржаниот состанок за претставниците на печатот направи проценка на актуелниот дневен ред.

Челик истакна дека убиството на иранскиот командант Касим Сулејмани во реализирана воздушна операција од страна на САД вроди резултати коишто ќе влијаат директно на Блискиот исток и меѓународната равенка.

Велејќи дека 2020 година започна со настан којшто покажува оти оваа година ќе биде сцена на големи политички кризи, проблеми и комплицирани прашања во меѓународните односи, Омер Челик потсети дека во петокот беа убиени во извршен атентат командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда Касим Сулејмани и заменик-претседателот на Хашди Шаби Ебу Мехди ел-Мухендис.

Тој привлече внимание дека овој атентат вроди резултати коишто ќе влијаат директно на Блискиот исток и меѓународната равенка и дека со новите изјави коишто пристигнуваат секојдневно се доживуваат и последователни потреси од тоа, додека Турција ги следи овие случувања.

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик укажа на тоа дека овој напад ќе доведе уште поголема нестабилност во регионот и додаде дека обостраните закани со секој час ја зголемуваат уште повеќе тензијата.



Слични вести