Претседателот Ердоган свечено го отвори новоизградениот комплекс на Националната разузнавачка служба (МИТ) „КАЛЕ“

Претседателот Ердоган на церемонијата на свеченото отворање на новоизградениот комплекс на Националната разузнавачка служба (МИТ) „КАЛЕ“ во Анкара рече: „Со успешните активности на МИТ, Турција се стекна со можност за делување секаде низ светот“

1335607
Претседателот Ердоган свечено го отвори новоизградениот комплекс на Националната разузнавачка служба (МИТ) „КАЛЕ“
erdogan mit'in acilisi1.jpg
MIT'in yeni binasi KALE2.jpg
MIT'in yeni binasi KALE.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свеченото отворање на новоизградениот комплекс „КАЛЕ“ на Националната разузнавачка служба (МИТ) во квартот Баглиџа во населеното место Етимесгут во главниот град Анкара.

Ердоган истакна дека со активностите на Националната разузнавачка служба (МИТ), Турција се стекна со можност за делување секаде низ светот.

Велејќи дека во овој период кога Турција и светот поминуваат низ критичен процес, постои поголема потреба од било кога досега од поддршката на МИТ, претседателот Ердоган рече: „Не можеме да седиме со вкрстени раце (со заврзани раце и нозе) пред оваа искомплицирана и променлива слика предизвикана од конкуренцијата на регионалните и глобалните сили во нашата географија.“ 

Во врска со случувањата коишто се доживуваат во Источниот Медитеран, Ердоган рече: „Резултатот од регионалните сојузи и борбата на моќ коишто се формирани во Источниот Медитеран против нашата земја, се од витално значење за нашата поблиска иднина.“

Осврнувајќи се и на улогата на Националната разузнавачка служба (МИТ) во обелоденувањето и разјаснувањето на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) во Генералниот конзулат на неговата сопствена земја Саудиска Арабија во Истанбул, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Улогата што ја одигра МИТ во обелоденувањето на убиството на Кашикчи, е во степен на совршенство коешто претставува понос за нашата земја на меѓународно ниво.“

Ердоган напомена дека Националната разузнавачка служба (МИТ) со операциите во северниот дел на Ирак против водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во последно време такада се каже ги урна врз главата на организацијата местата кадешто се чувствуваше најбезбедна.

Истакнувајќи дека Националната разузнавачка служба (МИТ) ги исполнува целосно своите задачи коишто и се паѓаат и во Либија, претседателот Ердоган рече: „Со успешните активности на МИТ, Турција се стекна со можност за делување секаде низ светот, без притоа да има потреба од помош од ниту една друга земја.“

Тој напомена дека е формиран Координационен совет за национално разузнавање со којшто ќе претседава самиот и нагласи дека во период кога интернетот се користи ефикасно од страна на терористите и шпионите, е неминовно службата повеќе да се ослони на сајбер сферата.

 



Слични вести