Чавушоглу: Убиството на Сулејмани е сериозен ризик за регионот“

Турција секогаш ја презема лидерската улога кога се работи за преземање мировни иницијативи

1335284
Чавушоглу: Убиството на Сулејмани е сериозен ризик за регионот“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека убиството на командантот на Ерусалимските сили иранскиот генерал Касим Сулејмани по американскиот напад предизвика сериозен ризик за стабилноста на регионот.

Министерот Чавушоглу одржа конференција посветена на надворешната политика на Турција во 2019 година.

Мевљут Чавушоглу рече дека убиството на Сулејмани претставува сериозен ризик за мирот и стабилноста на регионот.

Заедно со другите земји во регионот ќе продолжиме со напорите за решавањето на овој проблем или намалувањето на затегнатоста.

Турција активно соработува со сите инволвирани страни и во тие рамки претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговори со францускиот претседател Емануел Макрон, иранскиот претседател Хасан Рохани, ирачкиот претседател Берхем Салих и катарскиот емир Шеик Темим бин Хамед Ал Сани, а исто така ќе оствари телефонски разговори со британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел, рече Чавишоглу.

Министерот Мевљут Чавушоглу додаде дека самиот лично остварил телефонски разговори со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, американскиот државен секретар Мајк Помпео, британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мухамед бин Абдурахман Ал Сани, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Чавушоглу потенцираше дека Турција секогаш ја презема лидерската улога кога се работи за преземање мировни иницијативи и додаде:

Во претстојните денови заедно со другите земји ќе продолжиме со напорите за решавање на овој проблем или намалување на затегнатоста. Како што е познато во среда во Истанбул ќе допатува рускиот претседател Владимир Путин. Претседателот Ердоган на средбата со Путин лично ќе размени мислења во врска со наведените прашања. Особено ќе биде изнесена заедничка загриженост Ирак да не се претвори во поле на судири на другите земји. Бидејќи тоа ќе претставува сериозен ризик како за Ирак така и за целиот регион. Продолжуваме со контактите со Ирак. Турција е спремна да направи се што е во нејзина можност за решавање на спиралата на насилство.



Слични вести