Осуда од Турција против нападот на силите на Хафтар врз военото училиште во Триполи

Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција на Твитер се вели следното: „Остро го осудуваме нападот на силите на Хафтар, непријателите на мирот, врз военото училиште во Триполи, со цел да ги реализираат своите незаконски намери.“

1334987
Осуда од Турција против нападот на силите на Хафтар врз военото училиште во Триполи

Министерството за национална одбрана на Турција го осуди нападот реализиран од страна на силите на Хафтар врз военото училиште во главниот град на Либија, Триполи.

Во објавеното соопштение на сметката на министерството на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Остро го осудуваме нападот на силите на Хафтар, непријателите на мирот, врз военото училиште во Триполи, со цел да ги реализираат своите незаконски намери.“

Во соопштението се истакнува дека во нападот се убиени 31 невин питомец, а повеќе од 30 питомци се ранети, кои инаку се иднината на Либија.



Слични вести