Ердоган: Загрижени сме од тоа што американско-иранската затегнатост кулминира преку Ирак

Претседателот Ердоган истакна дека кај Турција владее загриженост од тоа што затегнатоста помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран кулимина преку Ирак

1335074
Ердоган: Загрижени сме од тоа што американско-иранската затегнатост кулминира преку Ирак

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше гостин во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал кадешто одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

Ердоган истакна дека кај Турција владее загриженост од тоа што затегнатоста помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран кулминира преку Ирак.

Тој појасни дека се загрижувачки ризиците, ѝ за безбедноста на Ирак, ѝ за безбедноста на регионот предизвикани поради убивањето на „смисловен начин“ на иранскиот генерал Касим Сулејмани со реализирана операција од страна на САД. 

Велејќи дека Турција презема иницијативи за намалување на затегнатоста, претседателот Ердоган наведе дека во своите остварени разговори пред се со иранските и ирачките лидери, препорачал воздржаност. 

Ердоган напомена дека Турција отсекогаш е против интервенциите од надвор и дека на тој начин се гледа и кон случајот со Касим Сулејмани.

Претседателот Ердоган потсети дека во четвртокот вечер кога беше реализирана операцијата Тој оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и го рече следното: „Му бев препорачал да не се зголемува затегнатоста со Иран. 4-5 часа потоа се случи овој настан.“

Велејќи „Оваа затегнатост треба да се стави под контрола без да дојде до точка од тоа да претрпат штета сите страни“, Ердоган подвлече дека со рускиот претседател Владимир Путин кој на 8 јануари ќе допатува во Турција ќе биде направена проценка на сите регионални и билатерални случувања.

Тој го достави и следното предупредување: „Убивањето на командантот од највисок  ранг на една земја, една држава, мислам дека сигурно нема да се остави без одговор.“

На едно поставено прашање, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го соопшти и тоа дека согласно постигнатиот договор со Либија почнаа да се испраќаат и турски војници во оваа земја.

 



Слични вести