Претседателот Ердоган разговараше телефонски со Хасан Рухани и Бархам Салих
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со своите ирански и ирачки колеги, Хасан Рухани и Бархам Салих, во врска со последните случувања во регионот и билатералните односи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговори со иранскиот претседател Хасан Рухани и со ирачкиот претседател Бархам Салих.
Во телефонските разговори беа разгледани последните случувања во регионот и билатералните односи.
Во телефонскиот разговор на претседателот Ердоган со ирачкиот претседател Бархам Салих беше нагласена потребата од регионална и меѓународна соработка за решавање на кризите во регионот.
Освен тоа во телефонскиот разговор двајцата претседатели Ердоган и Салих истакнаа дека се едногласни по прашањето на воспоставување на стабилноста во регионот со соработка меѓу земјите и со борба против радикалните мисли и тероризмот.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор му рече на ирачкиот претседател Бархам Салих дека Турција не дозволи Ирак да стане простор на регионални и меѓународни судири.
Слични вести
