МНР на Турција ги предупреди своите граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција објави предупредување во кое се истакнува следното: „На нашите граѓани во оваа фаза им се препорачува да избегнуваат да патуваат во Ирак се додека тоа не е неопходно, односно доколку немаат поголема потреба“

1334626
МНР на Турција ги предупреди своите граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција ги предупреди турските граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во Ирак.

Од страна на министерството е објавено предупредување во кое се укажува на тоа дека како резултат на развојот на настаните постои можност уште повеќе да бидат влошени безбедносносните услови во Ирак коишто во моментов се одвиваат во негативна насока, а воедно се вели следното: „На нашите граѓани во оваа фаза им се препорачува да избегнуваат да патуваат во Ирак, се додека тоа не е неопходно, односно доколку немаат поголема потреба.“

Во предупредувањето на Министерството за надворешни работи се бара од турските граѓани во моментов да ги следат одблизу предупредувањата коишто би можеле да бидат соопштени од страна на министерството, да избегнуваат да се наоѓаат и да одат во прометни места и да бидат претпазливи (будни) по прашањето на својата лична безбедност.

Инаку, американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека во реализиран напад на аеродромот во Багдад се убиени командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани и Ебу Мехди ел-Мухендис, заменик-претседателот на шиитските милициски сили Хашди Шаби.

Иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи пак, истакна дека ќе им се одмаздат на САД за нападот. 

Хамнеи прогласи тридневна жалост во земјата и соопшти дека ќе им се даде остар одговор на американските сили.

 



Слични вести