Алтун: На состанокот за безбедност беше разговарано детално за последните случувања во Ирак, Либија и Сирија

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека на состанокот за безбедност беше разговарано со детално за последните случувања во Ирак, американско-иранската затегнатост и последната ситуација во Либија и Сирија

1334513
Алтун: На состанокот за безбедност беше разговарано детално за последните случувања во Ирак, Либија и Сирија

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун бјави писмено соопштение во врска со синоќешниот состанок за безбедност што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во работната канцеларија на претседателот во сарајот Долмабахче во Истанбул.

Алтун истакна дека состанокот траеше 3 часа и беше разговарано со сите нивни димензии за последните случувања во Ирак, американско-иранската затегнатост и последната ситуација во Либија и Сирија.

Фахретиин Алтун рече: „Претседателот особено нагласи дека Турција треба да продолжи со конструктивниот став пред регионалните случувања, да продолжат да се фрлаат ефикасни чекори во правец на воспоставувањето на мирот и стабилноста и дека треба да се искористат до крај сите можности на дипломатијата.“

На состанокот за безбедност под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во неговата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул учествуваа потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Махир Унал, потпретседателот на пратеничката група на АК Партијата во Собранието Мухаммет Емин Акбашоглу, портпаролот на АК Партијата Омер Челик, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести