Во областа Хафтанин, на северот на Ирак загинаа двајца турски војници

Министерството за национална одбрана соопшти дека во вооружен судир во областа Хафтанин во северниот дел на Ирак кадешто се реализира операцијата „Шепа-3“ (Pençe-3“), загинаа двајца турски војници

1333889
Во областа Хафтанин, на северот на Ирак загинаа двајца турски војници

Во вооружен судир во областа Хафтанин во северниот дел на Ирак кадешто се реализира операцијата „Шепа-3“ (Pençe-3“), загинаа (станаа шехиди) двајца турски војници.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека по вооружената престрелка областа кадешто се наоѓаат терористи е гранатирана со артилериски оган и со хеликоптери АТАК, а се испратени и два воени авиони Ф-16.

Во соопштението им се посакува милост на загинатите (шехидите) двајца турски војници и се изразува сочувство и им се посакува трпение на нивните семејства, на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и на племенитиот турски народ.



Слични вести