Стопроцентно прецизна операција од „МИТ“ на северот на Ирак: Неутрализиран значаен терорист на ЈПГ/ПКК одговорен за разузнавање

Неутрализираниот терорист во реализираната стопроцентно прецизна операција во првата недела на месец ноември 2019 година во северниот дел на Ирак, бил Метин Арслан кој се наоѓал на списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја

1334340
Стопроцентно прецизна операција од „МИТ“ на северот на Ирак: Неутрализиран значаен терорист на ЈПГ/ПКК одговорен за разузнавање

Националната разузнавачка служба (МИТ) во реализирана воздушна операција во северниот дел на Ирак неутрализира значаен терорист на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК т.н. одговорен за разузнавање по име Метин Арслан, познат под кодното име Метин Арслан.

Според добиени информации од безбедносни извори, се дознава дека неутрализираниот терорист во реализираната стопроцентно прецизна операција во првата недела на месец ноември 2019 година во Ханесор на планината Синџар, во северниот дел на Ирак, бил Метин Арслан роден во 1968 година кој се наоѓал на списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја и кој бил син од вујко на терористичкиот водач Абдулах Оџалан.

Метин Арслан кој се приклучил кон терористичката органзиација во 1994 година, во периодот 2004-2007 година делувал под раководство на Дуран Калкан познат под кодното име „Абас“, потоа во 2007 година бил назначен за одговорен за кампот Гаре во северниот дел на Ирак и издал наредби за извршување на голем број терористички напади против Турција.

Овој значаен терорист, во 2012 година работел како одговорен за надворешно разузнавање на ЈПГ, во 2015 година почнал да извршува задача т.н. командант на штабот на ЈПГ на планината Карачок во северниот дел на Сирија и бил ранет во реализирана воздушна операција од страна на Турција на планината Карачок во 2017 година.



Слични вести