Реакција од Турција против договорот за гасоводот Eastmed помеѓу Јужен Кипар, Грција и Израел

Портпаролот на на МНР на Турција Хами Аксој реагираше против договорот на проектот  EastMed ( Источномедитеранскиот гасовод) којшто беше потпишан помеѓу Јужната кипарско-грчка управа, Грција и Израел

1334489
Реакција од Турција против договорот за гасоводот Eastmed помеѓу Јужен Кипар, Грција и Израел

Турција покажа реакција против договорот на проектот  EastMed ( Источномедитеранскиот гасовод) којшто беше потпишан помеѓу Јужната кипарско-грчка управа, Грција и Израел.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој во дадениот писмен одговор на едно поставено прашање нагласи дека потпишувањето на договорот за којшто станува збор претставуваат нов пример на залудните чекори со коишто се сака да се исклучат Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) од регионот.

Аксој рече: „Не може да биде успешен ниту еден проект со којшто ќе бидат игнорирани Турција која располага со најдолго крајбрежје во Источниот Медитеран и кипарските Турци кои располагаат со еднакви права над природните извори на островот Кипар. Уште еднаш го изнесуваме ова прашање пред вниманието на меѓународната заедница.“

Велејќи дека Турција е најекономската и најбезбедна маршрута во искористувањето на природните извори во Источниот Медитеран и нивната испорака до пазарите на потрошувачка во Европа, вклучувајќи ја и Турција, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој рече: „И покрај тоа, затворањето на вратите за соработка како за нас, така и за кипарските Турци, претставува отворен показател за тоа дека всушност некои земји наместо соработката се во потрага по јалови политички пресметки. Ги потсетуваме сопствениците на проектот дека овие видови валкани пресметки како во минатото, нема да пројдат и во иднина.“

Проектот за изградба на гасоводот Eastmed со којшто се има за цел природниот гас кој ќе биде ваден од Источниот Медитеран преку Кипар да се испорачува за Грција, а оттаму за Италија, беше потпишан вчера со одржана церемонија во Атина со учество на кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.



Слични вести