Потпретседателот Фуат Октај: Турција ќе продолжи да ги расипува игрите во регионот

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека со документот за испраќање војска во Либија Турција ќе продолжи да ги расипува игрите коишто сакаат да се одиграт во регионот и ќе продолжат да се бранат правата и интересите на Турција

1334005
Потпретседателот Фуат Октај: Турција ќе продолжи да ги расипува игрите во регионот

Потпретседателот Фуат Октај во објавата што ја сопдели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, посака да послужи и да биде повод за ајирлија (добрина) документот за дозвола за испраќање војска во Либија којшто вчера беше усвоен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Октај истакна дека со документот за испраќање војска во Либија, Турција ќе продолжи да ги расипува игрите коишто сакаат да се одиграт во регионот и ќе продолжат да се бранат правата и интересите на Турција.

Нагласувајќи дека владата секој чекор што го фрла во Источниот Медитеран го фрла во склопот на една детално изработена стратегија и детално подготвен план, потпретседателот Фуат Октај го напиша следното: „Со документот за дозвола за испраќање војска во Либија ќе продолжиме да ги расипуваме игрите кои што се приредуваат во регионот и да ги браниме правата и интересите на нашата земја. Целта на Турција која застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Либија е да и даде поддршка на легитимната влада на Либија во Обединетите нации и да му служи на регионалниот мир.  Се надевам дека со усвојувањето на документот за испраќање војска ќе ја добијат потребната порака оние кои ги продолжуваат своите агресорски ставови во Либија.“



Слични вести