Поддршка од Ибрахим Калин и Фахреттин Алтун по прашањето на Либија и Источниот Медитеран

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и шефот на Одделот за комуникации во кабинетот Фахреттин Алтун преку Твитер споделија објави со поддршка на испраќањето на турски војници во Либија и Источниот Медитеран

1333782
Поддршка од Ибрахим Калин и Фахреттин Алтун по прашањето на Либија и Источниот Медитеран

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во врска со документот за дозвола за испраќање војска во Либија којшто беше усвоен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) сподели објава на својот официјален профил на Твитер кадешто напиша: „Турција ќе продолжи да биде силна на терен и на маса.“

„Претставува значаен фрлен чекор за одбрана на интересите на нашата земја во Северна Африка и Средоземното Море. Турција ќе продолжи да биде силна на терен и на маса.“ - истакна Ибрахим Калин.

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, исто така во својата објава преку социјалната мрежа Твитер во врска со прашањето напиша: „Како Турција ќе продолжиме да ја употребуваме целата наша сила за зачувување на безбедноста и мирот во Либија и Источниот Медитеран, и да ги расипуваме игрите на оние кои се обидуваат еднострано да го експлоатираат регионот.“



Слични вести