МНР на Турција: Чувствуваме длабока загриженост од растечката американско-иранска затегнатост во регионот

МНР на Турција објави соопштение во врска со убиството на генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, во реализирана воздушна операција од страна на САД утрово во ирачкиот главен град Багдад

1334400
МНР на Турција: Чувствуваме длабока загриженост од растечката американско-иранска затегнатост во регионот

Турција соопшти дека е загрижена од растечката американско-иранска затегнатост во регионот.

Турското Министерство за надворешни работи објави соопштение во врска со убиството на генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, во реализирана воздушна операција од страна на САД утрово во ирачкиот главен град Багдад.

Во соопштението се предупредува дека особено со тоа што Ирак ќе се претвори во бојно поле (простор на конфликт) ќе им се наштети на мирот и стабилноста, ѝ на Ирак, ѝ во целиот регионот.

„Во тие рамки, јасно е тоа дека ќе ги зголеми недовербата и нестабилноста во регионот, реализираната воздушна операција од страна на САД утрово во Багдад врз конвојот во кој се наоѓаа  Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда и оние во негова придружба. Треба да се знае дека, ваквите тензични чекори коишто и се закануваат на стабилноста во нашиот регион ќе ја зголемат спиралата на насилство и дека од оваа состојба ќе претрпат штета сите страни.“ стои во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во истото соопштение воедно се нагласува дека Турција отсекогаш е против надворешните интервенции, атентатите и секташките судири во регионот и дека се упатува повик до сите страни да делуваат со здрав разум и воздржаност, да избегнуваат од фрлање на еднострани чекори коишто ќе ги вовлечат во опасност мирот и стабилноста во регионот и да и се придаде приоритет на дипломатијата.

 



Слични вести