Собранието на Турција го усвои одобрението за испраќање војници во Либија

Предлог-одобрението на гласањето што се одржа со електронско гласање беше усвоено со 325 гласови, додека 184 пратеници гласаа против.

1334170
Собранието на Турција го усвои одобрението за испраќање војници во Либија

Предлог-одобрението на претседателството за испраќање турски војници во Либија беше усвоено на седницата на Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција.

На седницата на Генералното заседание што се одржа под претседателството на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, по говорите што ги одржаа претставниците на политичките партии се премина на гласањето.

Предлог-одобрението на гласањето што се одржа со електронско гласање беше усвоено со 325 гласови, додека 184 пратеници гласаа против.

На гласањето гласаа вкупно 509 пратеници.

Со усвоеното одобрение на Владата и се дава овластување за испраќање турски војници во Либија.

Мандатот на војниците на ТВС кои ќе бидат испратени на задача во Либија ќе трае една година.

Бројот на турските војници коишто ќе бидат испратени во Либија како и опсегот на задачата и во која област ќе бидат испратени ќе се определат од страна на претседателот на државата.



Слични вести