Предлог-одобрението на претседателството ќе се разгледа на денешната седница на Собранието

Во случај судирите во Либија прераснат во граѓанска војна, тогаш ќе бидат загрозени интересите на Турција во регионот

1333446
Предлог-одобрението на претседателството ќе се разгледа на денешната седница на Собранието

Предлог-одобрението на Претседателството за испраќање војници во Либија со меморандум ќе се разгледа на денешната седница на Генералното заседание на Големото Национално Собрание на Турција.

Седницата ќе започне во 14.00 часот според турско време и по говорите на претставниците на политичките партии ќе се премине на гласањето.

Во предлог-одобрението се изнесуваат причините поради што се чувствува потреба од испраќање војници во Либија, а исто така се потенцира на судирите и тероризмот во оваа земја.

„Во случај судирите во Либија прераснат во граѓанска војна, тогаш ќе бидат загрозени интересите на Турција во регионот“ се предупредува во предлог-одобрението.

Границите и опсегот на задачата на турските војници во Либија во предлог-одобрението ќе бидат определени и утврдени од страна на претседателот.

Затоа од Собранието се бара одобрение за испраќање на турските војници во Либија на период од една година“ беше подвлечено во предлог-одобрението.



Слични вести