Ердоган: „Околу 250 илјади сириски бегалци се наоѓаат на пат на границата со Турција“

За жал Западните градови кои наводно се сметаа за симбол на правилата, поредокот и слободата, наеднаш се претворија во затвори под отворено небо

1333474
Ердоган: „Околу 250 илјади сириски бегалци се наоѓаат на пат на границата со Турција“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека околу 250 илјади сириски бегалци се наоѓаат на пат на границата со Турција.

Во говорот на „Симпозиумот за град и безбедност“ што се одржува в претседателскиот комплекс, претседателот Ердоган се осврна на случувањата во сирискиот град Идлиб. Ердоган во оваа прилика рече дека околу 250 илјади сириски бегалци се наоѓаат на пат на границата со Турција.

„Покрај тоа што со одредени мерки се обидуваме да го спречиме напредувањето на бегалците, не е лесна работа, бидејќи толпата која што се наоѓа пред вас се луѓе. Безбедноста подразбира доверба која што ја давате на своите граѓани и оние што се засолнале во вашата држава. Турција во 81 град ги отвори своите прегратки за над 5 милиони мигранти и бегалци од кои околу 4 милиони се од Сирија. Сите оние кои што не ги сакаат странците во своите градови, не можат да бидат убедливи во нивната човечка чувствителност“.

Во освртот на безбедносните проблеми во европските земји, претседателот Ердоган рече:

„Отворено и јасно велам. Ова им се добри денови бидејќи за жал ги очекуваат многу поголеми неволји и несреќи. Зошто? Бидејќи колку настани има кои се поврзани со дрога а кои се закана за безбедноста, нивните барони соработуваат со терористичките организации во нашата земја.“

Критикувајќи ги безбедносните мерки во врска со превенциите во Европа, Ердоган рече: „За жал Западните градови кои наводно се сметаа за симбол на правилата, поредокот и слободата, наеднаш се претворија во затвори под отворено небо“.



Слични вести