Претседателот Ердоган: Ќе продолжиме да работиме и да ѝ придаваме нови дела на нашата земја и во 2020-тите години

Претседателот Ердоган во својата новогодишна порака истакна дека ќе продолжат да работат и во 2020-тите години и да му служат на народот

1332779
Претседателот Ердоган: Ќе продолжиме да работиме и да ѝ придаваме нови дела на нашата земја и во 2020-тите години

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод новата 2020 година сподели објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер. 

Претседателот Ердоган истакна дека ќе продолжат да работат и во 2020-тите години и да му служат на народот.

Посакувајќи новата 2020 година да  му донесе мир, спокојство, благосостојба и просперитет на турскиот народ и на целото човештво, Ердоган во својата новогодишна порака ја изнесе следната констатација: „За да им додадеме нови дела на делата коишто и ги придадовме на нашата земја во 2010-тите години коишто ги оставивме зад нас, ќе продолжиме да работиме и да му служиме на нашиот народ и во 2020-тите години.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата новогодишна порака сподели и еден графички приказ под наслов „Што направивме за 10 години?“.

Во овој графички приказ се прикажуваат некои од изградените мостови, аеродроми, високобрзински железнички линии и други дела коишто се врежани во мислите во последните 10 години, како и датумите на производство и внесување во инвентарот на оружјата и одбранбените системи од домашно производство.



Слични вести