МНР: Турција ќе продолжи да ја поддржува Владата на национално единство во Либија

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Турција како досега и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Владата на национално единство, како легитимен претставник на Либија

1332818
МНР: Турција ќе продолжи да ја поддржува Владата на национално единство во Либија

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со вонредниот состанок посветен на Либија којшто се одржа на ниво на постојани претставници на Советот на Арапската лига (АЛ).

Аксој истакна дека Турција како досега и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Владата на национално единство, како легитимен претставник на Либија.

Алудирајќи на тоа дека Владата на национално единство на Либија се признава како единствен легитимен претставник на Либија од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), Аксој потсети дека спротивно на тоа, Арапската лига (АЛ) останува безгласна пред нападите поддржани воено од надвор коишто долги години се реализираат од страна на генералот пучист Хафтар пред се врз главниот град на Либија, Триполи.

Тој напомена дека Арапската лига (АЛ) не може да покаже одлучен став на страната на меѓународната легитимност.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека за да би можело да се постигне политичко решение во Либија, Турција уште од самиот почеток застанува во одбрана на тоа дека првенствено треба да бидат сопрени нападите и веднаш да се постгне целосен прекин на огнот во оваа земја.

Подвлекувајќи дека сеопфатното (инклузивно) и трајно политичко решение во Либија под водство и со одлука на Либијците, не може да се постигне со охрабрување на оние кои по пат на воени методи се во потрага по создавање на состојби на свршен чин, туку со нивно одвраќање и обесхрабрување, Аксој го рече следното: „Турција како досега и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Владата на национално единство, како легитимен претставник на Либија; Ќе продолжи да го покажува секој вид напор за стекнување на либискиот народ со траен мир и со стабилност.“



Слични вести