Претседателот Ердоган: Со последните чекори во потполност се оневозможени проектите за исклучување на Турција од Медитеранот

Претседателот Ердоган во новогодишната порака за 2020 година меѓу другото го истакна следното: „Со последните чекори коишто ги фрливме во потполност се оневозможени проектите за целосно исклучување на Турција од Медитеранот“

1332513
Претседателот Ердоган: Со последните чекори во потполност се оневозможени проектите за исклучување на Турција од Медитеранот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави новогодишна порака во која се осврна на низа актуелни случувања меѓу кои и на постигнатиот договор на Турција со Либија за разграничување на сферите на надлежност т.ј. утврдување на морската граница помеѓу двете земји во Источниот Медитеран, а кој беше потпишан во ноември.

Ердоган истакна дека со фрлените чекори се елиминирани проектите за целосно исклучување на Турција од Средоземното Море,а воедно напомена дека со поддршката којашто ќе и се даде на легитимната влада на Либија во Триполи ќе се овозможи овие договори да бидат ставени во примена со сите нивни елементи. 

„Со последните чекори коишто ги фрливме во потполност се оневозможени проектите за целосно исклучување на Турција од Медитеранот.“ - подвлече Тој. 

Нагласувајќи дека проектот за изградба на 100 илјади социјални станбени објекти којшто во првата половина на месец декември беше споделен со јавноста, беше дочекан соп голема заинтересираност и побарувачка во сите 81 град низ земјата, претседателот Ердоган рече: „Се додека продолжи побарувачката на нашиот народ за станови, планираме кампањата да ја продолжиме секоја година во серии од по 100 илјади станови.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на првиот домашен автомобил на Турција, во врска со што истакна дека присвојувањето на овој проект од страна на народот е доказ и за неговиот успех.

Во врска со проектот Канал Истанбул пак, со којшто ќе бидат поврзани Црното Море и Мраморното Море и кој ќе има многу голем стратешки и економски придонес за Турција, претседателот Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош) ќе напредуваме чекор по чекор и сигурно ќе го дефинираме.“



Слични вести