Хулуси Акар: Не станува збор да останеме индиферентни кон оштетеноста на нашите либиски браќа

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека не станува збор Турција да остане индиферентна кон оштетеноста на нејзините либиски браќа

1332681
Хулуси Акар: Не станува збор да останеме индиферентни кон оштетеноста на нашите либиски браќа

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, пред разгледувањето и поставувањето на гласање во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на документот за дозвола за испраќање војска во Либија, во четвртокот, даде значајни изјави по ова прашање за еден приватен телевизиски канал.

Министерот Акар истакна дека не станува збор Турција да остане индиферентна кон оштетеноста на нејзините либиски браќа.

Акар напомена дека документот за дозвола за испраќање на турски војници во Либија е во уставни рамки и дека сето тоа претставува правна нужност.

Велејќи дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ги завршија сите свои неопходни подготовки за реализација на оваа своја задача, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Со документот за дозвола ќе им се даде задача (овластување) на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), на Министерството за национална одбрана. Во рамките на подготовките коишто ги направивме процесот е започнат, по одобрувањето на документот ќе го направиме неопходното. Ние ги направивме нашите подготовки за Либија. Нашата приоритетна задача се хуманитарната помош, обуката и соработката. Не станува збор да останеме индиферентни кон оштетеноста на нашите либиски браќа.“



Слични вести