Ердоган: „Во Молдавија очекуваме училиштата на ФЕТО да се пренесат на фондацијата Маариф“

Турција ги поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, стабилноста, просперитетот и развојот на Молдавија

1332181
Ердоган: „Во Молдавија очекуваме училиштата на ФЕТО да се пренесат на фондацијата Маариф“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека во Молдавија очекуваат училиштата на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) да се предадат на Турската фондација Маариф.

Претседателот Ердоган и претседателот на Молдавија Игор Додон во претседателскиот дворец во Анкара одржаа заедничка прес конференција.

„Турција ги поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, стабилноста, просперитетот и развојот на Молдавија и на новата влада што се формираше во ноември и посакуваме успех во пружањето услуги на граѓаните на Молдавија.

Турција со сите свои институции и установи ќе продолжи со поддршката на Молдавија.

Турците Гагаузи се најцврстиот мост на пријателство меѓу двете земји„ рече Ердоган и изрази задоволство од изборот на граѓаните на Молдавија за најпреферирана туристичка дестинација.

Во освртот на борбата против терористичката организација ФЕТО, претседателот Ердоган изрази благодарност на властите на Молдавија во врска со екстрадицијата на лицата кои се поврзани со ФЕТО.

Паралелно со овие активности очекуваме и училиштата на ФЕТО да се пренесат на турската фондација Маариф.

Пред да започне заедничката прес конференција под покровителство на претседателите Ердоган и Додон беа потпишани низа нови договори за зајакнување на соработката.



Слични вести