Претседателот Ердоган: Почнаа да се добиваат порачки за првиот домашен автомобил на Турција

Претседателот Ердоган истакна дека по неговото претставување во петокот (27 декември, 2019 година) почнаа да се добиваат порачки за првиот домашен автомобил на Турција

1331965
Претседателот Ердоган: Почнаа да се добиваат порачки за првиот домашен автомобил на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, говореше на церемонијата на доделување на наградите за наука на Институцијата за научн и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) и Академијата за науки на Турција (ТУБА), во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Овде, претседателот Ердоган истакна дека почнаа да се добиваат порачки за првиот домашен автомобил на Турција.

„Веќе освен тоа што не бидеме пазар на новите технологии, одлучни смет да дојдеме во положба на земја кои ги произведува овие технологии, ги распространува низ целиот свет и обезбедува да бидат прифатени стандардите коишто ги поставува.“ - рече Тој.

Велејќи „Нашиот народ, од се срце застана во одбрана на автомобилот на Турција, така да почнавме да добиваме порачки“, претседателот Ердоган рече: „Овој проект, за нашата земја располага со визија и вон производството на автомобил.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно информира дека придонесите коишто Турција ќе и ги плати во 2020 година на Европската унија (ЕУ) во износ од приближно 80 милиони евра ќе бидат користени за истражувачите во Турција.



Слични вести