Претседателот Ердоган го пречека со официјална церемонија својот молдавски колега Додон

По официјалниот пречек, двајцата претседатели Ердоган и Додон преминаа на средба лице в лице, а потоа ќе претседаваат со состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво

1332087
Претседателот Ердоган го пречека со официјална церемонија својот молдавски колега Додон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, го пречека со официјална церемонија претседателот на Молдавија Игор Додон.

По официјалниот дочек, двајцата претседатели Ердоган и Додон преминаа на средба лице в лице, а потоа ќе претседаваат со состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво.

Ердоган и Додон, по церемонијата на потпишување на низа договори помдѓу двете земји, ќе одржат заедничка прес конференција.

На церемонијата на официјален дочек, присуствуваа и потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за здравство Фахреттин Коџа, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, министерката за трговија Рухсар Пекџан и шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун.

Во гостинската делегација пак, се наоѓаа премиерот на Молдавија Ион Кику и претседателката на автономниот регион Гагаузија Ирина Влах.



Слични вести