Претседателот Ердоган го изрази сочувство до сомалискиот претседател Фармаџо

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Сомалија Мухамед Абдулахи Фармаџо до кого го изрази своето сочувство поради завчерашниот терористички бомбашки напад во Могадишу, во кој животот го загубија најмалку 90 лица

1331501
Претседателот Ердоган го изрази сочувство до сомалискиот претседател Фармаџо

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон претседателот на Сомалија Мухамед Абдулахи Фармаџо до кого го изрази своето сочувство поради завчерашниот терористички бомбашки напад во Могадишу, во кој спроед последни добиени информации животот го загубија најмалку 90 лица меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, а голем број лица беа ранети.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Сомалија Мухамед Абдулахи Фармаџо.

Во разговорот, претседателот Ердоган го изрази своето сочувство поради загинатите во извршениот бомбашки напад од страна на терористите во сомалискиот главен град Могадишу, а на ранетите во нападот им посака побрзо оздравување.

Изразувајќи го своето сочувство и до сомалсикиот народ, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да стои покрај Сомалија во борбата против тероризмот.

Инаку, во реализираниот терористички бомбашки напад завчера во моментот на поминување на автобус кој превезувал студенти во сомалискиот главен град Могадишу, беше експлодирано возило бомба и во нападот животот според последни добиени информации го загубија најмалку 90 лица, меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, а голем број лица беа ранети.



Слични вести