Пет мина терористи им се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи-Ширнак и Кизилтепе-Мардин

Четворица терористи на ПКК им се предадоа на безбедносните сили во населеното место Силопи кај градот Ширнак, на турско-ирачката граница; а еден терорист на ПКК/ЈПГ во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин, на турско-сириската граница

1331552
Пет мина терористи им се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи-Ширнак и Кизилтепе-Мардин

Уште 5 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Ирак и на Сирија, им се предадоа на турските безбедносни сили.

Четворица терористи на ПКК им се предадоа на безбедносните сили во населеното место Силопи кај градот Ширнак, на турско-ирачката граница; а еден терорист на ПКК/ЈПГ во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин, на турско-сириската граница.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се укажува на тоа дека продолжуваат бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, со што продолжува и процесот на нејзино распаѓање, а воедно се вели следното: „Четворица терористи на ПКК кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Ирак се предадоа во Силопи, а еден терорист на ПКК/ЈПГ кој избегал од северниот дел на Сирија се предаде во нашата погранична воена станица во Кизилтепе.“

 



Слични вести