Донесени во Анкара посмртните останки на двајцата турски граѓани и 16 ранети сомалиски граѓани

Посмртните останки на двајцата загинати турски граѓани се однесени во мртовечницата на една болница во Анкара од кадешто ќе им бидат предадени на нивните семејства, а 16-те ранети сомалиски граѓани се префрлени во различни болници во главниот град Анкара

1331614
Донесени во Анкара посмртните останки на двајцата турски граѓани и 16 ранети сомалиски граѓани
somali saglik ekibi.jpg

Посмртните останки на двајцата турски граѓани, Туран Селви и Мехмет Каплан, кои го загубија животот го завчерашниот терористички бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, заедно со 16 ранети сомалиски граѓани во нападот, со испратениот авион од Турција се донесени во Анкара.

Посмртните останки на двајцата загинати турски граѓани се однесени во мртовечницата на една болница во Анкара од кадешто ќе им бидат предадени на нивните семејства.

16-те ранети сомалиски граѓани пак, се префрлени во различни болници во главниот град Анкара.  

Авионот на аеродромот во Анкара беше пречекан од страна на министерот за здравство Фахреттин Коџа и други високи функционери.

Во говорот што го одржа овде, министерот Фахреттин Коџа го проколна и го изрази своето жалење поради извршениот терористички бомбашки напад во пријателска и братска Сомалија. 

Министерот Коџа истакна дека веднаш по нападот беше испратен во Сомалија медицински авион на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во кој се наоѓаше 20 члена медицинска екипа.

Тој информираше и во врска со здравствената состојба на донесените ранети сомалиски граѓани во врска со што истакна дека четворица од 16-те ранети се сместени во единиците за интензивна нега.

Потсекретарот на Амбасадата на Сомалија во Анкара Сулејман Мухамед Карси исто така им се заблагодари на Турција и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, за доставената помош по терористичкиот бомбашки напад и го рече следното: „Турција секогаш ни ја доставува својата поддршка. Браќата се познаваат во тешки денови. Турција е наша братска земја.“



Слични вести