Турција ја осуди одлуката за условно пуштање на слобода на терористот убиец Сасунјан во САД

МНР на Турција објави писмено соопштение во врска со прифаќањето на барањето за условно пуштање на слобода на терористот Хампиг Сасунјан кој на 28 јануари 1982 година изврши кукаивчко убиство врз генералниот конзул на Турција Кемал Арикан во Лос Анџелес

1331163
Турција ја осуди одлуката за условно пуштање на слобода на терористот убиец Сасунјан во САД

Турција го осуди прифаќањето на барањето за условно пуштање на слобода на терористот Хампиг Сасунјан од страна на судот во Соединетите Американски Држави (САД), кој во 1982 година изврши убиство врз генералниот конзул на Турција Кемал Арикан во Лос Анџелес и беше на издржување на доживотна затворска казна поради ова извршено крволочно убиство.

Министерството за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение во врска со прифаќањето на барањето за условно пуштање на слобода на терористот Хампиг Сасунјан кој на 28 јануари 1982 година изврши кукавичко убиство врз генералниот конзул на Турција Кемал Арикан во Лос Анџелес.

Во соопштението се вели дека со жалење е дочекано тоа дека и покрај сите иницијативи на Турција на  судското рочиште на 27 декември во Калифорнија е прифатено барањето за кое станува збор. 

„Силно ја осудуваме и негираме овва одлука која треба да ја одобри и гувернерот на Калифорнија и за која може да се подигне жалбена постапка“ - се наведува во соопштението.

„Одлуката со која се отвора патот убиецот на нашиот дипломат додека ја извршуваше својата задача, да биде пуштен на слобода, освен тоа што е спротивна на универзалните правни принципи и правното начело, не се истоветува и со духот на соработка во борбата против тероризмот“, се додава во соопштението.

Се нагласува дека Сасунјан не покажал било какво покајување за ова убиство коешто го извршил ослонувајќи се на една изопачена идеологија која се храни од непријателство кон Турците, и планирано и со предумисла.

Затоа се напоменува дека ова убиство не претставува едноставно убиство, туку злосторство на омраза и терористички акт. 

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се потсетува дека Турција во извршените напади од страна  на ерменските терористички групи изгуби (даде шехиди) најмалку 58 свои граѓани кои 31 дипломат.

„Турција ќе ги искористи сите правни можности и приговори за да го спречи применувањето на оваа очајна одлука која ќе претставува крајно опасен пример во време кога повторно преминаа во подем злосторствата од омраза и кога постои најголема потреба од меѓународна солидаризација. Во овие рамки најзначајната одговорност им припаѓа на надлежните органи на САД кои имаат претрпено слични човечки загуби. По тој повод уште еднаш се сеќаваме и им оддадаваме почит на нашиот убиен (шехид) дипломат Кемал Арикан и на сите наши шехиди, жртви на тероризмот.“, се додава во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.



Слични вести