Турција испрати авион со здравствен персонал во главниот град на Сомалија, Могадишу

Министерството за национална одбрана соопшти дека во сомалискиот главен град Могадишу слета авионот кој превезува здравествен персонал и медицински материјали, а со цел доставување помош и поддршка на ранетите во терористичкиот бомбашки напад

1331321
Турција испрати авион со здравствен персонал во главниот град на Сомалија, Могадишу

Авионот во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) со кој се наоѓа здравствен персонал пристигна во главниот град на Сомалија, Могадишу, кој вчера беше цел на терористички бомбашки напад во кој според последни добиени информации животот го загубија најмалку 90 лица меѓу кои се наоѓаат и двајца турски граѓани, а десетици лица се ранети.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во Могадишу слета авионот кој превезува здравествен персонал и медицински материјали, а со цел доставување помош и поддршка на ранетите во терористичкиот бомбашки напад.

По терористичкиот бомбашки напад што се случи вчера утрото во главниот град на Сомалија, Могадишу, беше формирана 20 члена екипа составена од Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) и хирурзи. Потоа воен транспортен авион од типот А400М којшто се нарекува "летачка тврдина" во сопственост на Командата на Турските воздушни сили кој го превезуваше здравствениот персонал синоќа во 23:00 часот според турско време од воениот аеродром во Етимесгут во Анкара полета за сомалискиот главен град Могадишу.

Како што беше соопштено Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) и здравствениот персонал ќе достават поддршка во лекувањето на ранетите во Могадишу и тешко ранетите во терористичкиот бомбашки напад ќе бидат донесени на лекување во Турција.



Слични вести