Хулуси Акар: Турција нема да ги испразни своите набљудувачи пунктови во подрачјето на сириски Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција нема да ги испразни своите набљудувачи воени пунктови во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел Сирија

1331230
Хулуси Акар: Турција нема да ги испразни своите набљудувачи пунктови во подрачјето на сириски Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) по случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, на нулта точка на сириската граница се состана со командантите на пограничните воени единици.

Во дадената изјава овде министерот Хулуси Акар истакна дека Турција нема да ги испразни набљудувачките пунктови во подрачјето на градот Идлиб. 

Акар рече: „Никако нема да ги испразниме 12-те набљудувачи пунктови (во Идлиб) кои јуначки ја извршуваат својата задача во воспоставувањето на прекинот на огнот, нема да излеземе оттука.“

Велејќи „На нашите набљудувачи пунктови им е издадена директивата“, Хулуси Акар рече: „Во случај да дојде до било каков напад против нив, до било какво вознемирување (провокација), без двоумење ќе возвратат.“

Од друга страна, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и во врска со документот за дозвола за испраќање војска во Либија го рече следното: „Турските вооружени сили (ТВС или TSK) за одбрана на правата и интересите на нашата земја се спремни за задача секаде онаму кадешто ќе им се даде должност внатре во земјата и надвор преку границата.“



Слични вести