Првиот домашен автомобил на Турција го преокупира дневен ред и на светските медиуми

Првиот домашен автомобил на Турција којшто вчера во Гебзе кај градот Коџаели беше свечено претставен со церемонија, по претставувањето најпрвин го преокупира дневниот ред во социјалните медиуми, а потоа се најде и на врвот на светскиот дневен ред

1331151
Првиот домашен автомобил на Турција го преокупира дневен ред и на светските медиуми

Првиот домашен автомобил на Турција се најде и на дневниот ред на светските медиуми...

Првиот домашен автомобил на Турција којшто вчера во населеното место Гебзе во градот Коџаели беше свечено претставен со церемонија, по претставувањето најпрвин го преокупира дневниот ред во социјалните медиуми, а потоа се најде и на врвот на светскиот дневен ред.

Автомобилот на Турција стана „трендинг топик“ (настан за којшто се зборува најмногу) и со хаштагот #Yerlioto (#Домашенавтомобил) го запоседна светскиот дневен ред.

Во врска со автомобилот на Турција за кусо време беа споделени повеќе од 100 илјади твитови.

Новинската агенција „Ројтерс“ веста ја објави под насловот „Турција го претстави својот први домашен автомобил“. Во веста беше истакнато дека проектот во износ од 3,7 милијарди долари долго време како се наоѓа на целта на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на неговата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), како показател на растечката економија на земјата.

Англиски „Дејли Мејли“ („Daily Mail“) нагласи дека автомобилот на Турција се оценува како ривал на американскиот производител на електричен автомобил Тесла. Весникот, оваа вест ја објави под насловот „Претседателот Ердоган, го претстави прототипот на TOGG за кој се надева дека ќе претставува предизвик за Тесла“.

Веста на „Блумберг“ („Bloomberg“) беше објавена под насловот „Турција, го претстави проектот на својот прв домашен автомобил во износ од 3,7 милијарди долари“.

„Ал Џезира“ со насловот „Турција го претстави својот прв домашен автомобил“ им оддели места на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Како што беше истакнато во веста, претседателот Ердоган рече дека автомобилот на Турција не само што се има за цел да се продава внатре во земјата, истовремено посакува почнувајќи од Европа да стане глобален бренд.



Слични вести